Seda Sevencan
03 Јули 2025•Ажурирај: 04 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку седум лица во Северна Калифорнија, Соединетите Американски Држави (САД) се водат за исчезнати откако вчера експлодира магацин со пиротехника, објави Ен-би-си њуз, повикувајќи се на официјални лица, пренесува Анадолу.
Пожарникарите пристигнале околу 17:50 часот во вторникот во градот Еспарто, северозападно од Сакраменто, каде што неколку згради биле во пламен и имало многу експлозии во областа, според шефот на противпожарната служба на Еспарто, Куртис Лоренс.
„Седум лица сè уште се водат како исчезнати. Екипите се на терен, а истражителите вредно работат со сопственикот на имотот за да утврдат каде се наоѓаат тие лица“, соопштија од противпожарната област Еспарто.
Истражителите веруваат дека сопственикот на магацинот има активна пиротехничка лиценца.
„Како дел од нашата истрага, ќе работиме на тоа да утврдиме дали сè што се случуваше во објектот е во рамките на нашите лиценцирани барања“, додадоа тие.
Причината за експлозијата сè уште се истражува, соопштија официјални лица.
Според Лоренс, пожарот се проширил на околу 80 хектари.
Еспарто е мал град со околу 3.000 жители, се наоѓа околу 48 километри северозападно од Сакраменто.