Ömer Tuğrul Çam
22 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека Самитот на НАТО ќе се одржи на 14 јуни во седиштето на НАТО во Брисел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг во писмената изјава рече дека Самитот во јуни ќе биде единствена можност за зајакнување на „НАТО кој е олицетворение на врската помеѓу Европа и Северна Америка“.
Генералниот секретар Столтенберг истакна дека на Самитот, лидерите на сојузничките земји ќе донесат одлуки за прашањата како што се руските агресивни активности, терористичките закани, сајбернападите, технологиите кои се во подем и се разурнувачки, безбедносните влијанија на климатските промени и подемот на Кина.
Последниот состанок на Самитот на НАТО, на кој беа собрани шефовите на државите и владите на земјите од НАТО, се одржа во Брисел во 2018 година.
Од основањето на Алијансата одржани се вкупно 28 самити.
Состаноците на Самитот на НАТО се одржуваат во една од сојузничките земји, а со Самитот претседава генералниот секретар на НАТО.