Satuk Buğra Kutlugün
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ХАСЕКА/АНКАРА (АА) - Саудиска Арабија е во преговори со сирискиот огранок на терористичката организација ЈПГ/ПКК под називот Сириски демократски сили (СДС), со цел формирање коалиција со арапските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерите на AA од сириската североисточна покраина Ал-Хасака јавија дека во петокот тројца саудиски воени претставници престојувале во селото Хараб-Ишк, во подрачјето на Кобани, со цел да одржат состаноци со терористите на ЈПГ/ПКК.
Се дознава дека воените претставници биле во селото заради формирање Арапски сили со Силите Санадид, кои се борат за терористичката организација ЈПГ/ПКК под називот Сириски демократски сили (СДС).
Саудиските претставници воспоставија комуникациски пунктови во Ал-Хасака и Камишли за да регрутираат борци, и ветуваат 200 долари за секој борец кој ќе се приклучи кон силите.
Новите Арапски сили ќе бидат дел од Федерацијата на Северна Сирија, која ЈПГ/ПКК еднострано ја прогласи на 17 март 2016 година со регионите што ги имаше под своја окупација.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК испрати охрабрувачки пораки до Саудиска Арабија преку нивните профили на социјалните медиуми.
Саудиска Арабија минатиот месец испрати камиони со помош за ЈПГ/ПКК преку Ирак, без објаснување дали камионите пренесуваат муниција или оружје.
Саудискиот министер одговорен за односите во Заливот, во октомври заедно со официјални претставници на САД ја посети сириската покраина Рака, окупирана од ЈПГ/ПКК, за да собере информации.
Познато е дека терористичката организација ЈПГ/ПКК ги контролира малите групи во Сирија под називот Сириски демократски сили (СДС), поддржани од Соединетите Американски Држави (САД). Поради тоа, администрацијата на САД тврди дека не им помага на ЈПГ/ПКК, туку на Арапите кои се дел од СДС.