Esra Tekin
07 Август 2023•Ажурирај: 08 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Саудиска Арабија вчера го испрати својот 19-ти авион со помош за погодените од двата земјотреса во Туркије на 6 февруари, чиј епицентар беше во јужната област Кахраманмараш, пренесува Анадолу.
Авионот, со повеќе од 27 тони медицински материјали и опрема, полета од меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад кон аеродромот „Газиантеп“ во југоисточна Туркије, објави официјалната саудиска новинска агенција (SPA).
Испратен е како дел од „мостот за помош“ на Саудиска Арабија, воспоставен за жртвите од земјотресот во Туркије и Сирија.
Саудиска Арабија ден претходно испрати уште еден хуманитарен авион во Туркије.
На 6 февруари земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија голем број турски области, во кои загинаа над 50.000 луѓе.
Околу 14 милиони луѓе во Туркије беа погодени од земјотресите, како и многу други во Северна Сирија.