Dildar Baykan
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман му честиташе на американскиот претседател, Доналд Трамп, за операцијата во која беше убиен водачот на ДЕАШ, Ебу Бекр ел Багдади, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писмената изјава на заменик-портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир, Трамп и принцот Бин Селман оствариле телефонски разговор.
За време на разговорот, Мухамед бин Селман му честитал на Трамп за операцијата во која беше убиен водачот на ДЕАШ, Ебу Бекр ал-Багдади. Од друга страна, Трамп му се заблагодарил на Селман за „континуираното силно партнерство меѓу Саудиска Арабија и САД“.
Исто така, разговарано е и за регионалните и билатералните прашања.
- Американската операција за ликвидирање на Багдади -
Водачот на ДЕАШ, Багдади, беше убиен при операција со 8 хеликоптери на Американските специјални сили на северот на Идлиб.
На прес-конференцијата по операцијата Трамп соопшти дека американските сили влегле во еден од тунелите под куќата на Багдади, кој немал излез. Багдади во тој тунел се самоубил заедно со неговите 3 деца.