Adham Kako
19 Ноември 2017•Ажурирај: 20 Ноември 2017
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - Најмалку девет цивили се убиени во воздушните и артилериски напади кои денеска во Источна Гута кај Дамаск ги извршија силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА од теренот јавува дека силите на режимот го гранатирале подрачјето на Источна Гута кои се под долгогодишна опсада, а во овие напади се ранети повеќе и десетици цивили.
Цели на најжестоките напади беа населбите Хареста, Aрбин, Думата, Aјн Терме, Мерџ и Mисраба.
Станува збор за подрачје кое е едно од четирите зони без судири за кои и силите на режимот на Асад претходно декларативно прогласија прекин на судирите.
Вчера во сличен напад животот го загубија најмалку 12 цивили во истото подрачје.