Sibel Uğurlu
12 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Договорот меѓу терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ со кој им се дозволува на странските борци да бидат преместени, е дел од планот на сирискиот режим за експортирање на тероризмот во Идлиб, според Националниот фронт за ослободување на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Националниот фронт за ослободување на Сирија (поврзан со Слободната сириска армија), Наџи Мустафа, за АА денеска изјави дека доколку договорот стапи на сила, неговата група е подготвена да се бори против терористите.
„Неодамна фативме неколку терористи кои се обидуваа да се инфилтрираат во Идлиб“, изјави тој.
„Нашите безбедносни мерки преземаат мерки за идентификување и апсење на овие терористи, кои се обидуваат да влезат во Идлиб преку областите контролирани од режимот, во рамките на договорот меѓу ПКК и ДЕАШ“, додава тој.
Мустафа изјави дека сирискиот режим бил главен поддржувач на овие терористички групи додека истовремено се преправа дека се бори против нив.
„Со овој договор, режимот сака да го пренесе тероризмот од Деир ез-Зор во Идлиб, но нашите безбедносни сили и опозициските групи усвоија опсежни безбедносни мерки од минатата година“, рече Мустафа.
Тој тврди дека неговата група е подготвена да се соочи со терористите, доколку тие успеат да стигнат до областите на Идлиб под контрола на опозицијата.
Мухамед Рашид од Џајш ал-Наср, бунтовничка група поврзана со Слободната сириска армија, изјави дека неговата група е подготвена да ја брани својата територија од терористите на ДЕАШ, доколку се имплементира договорот.
Во меѓувреме, во тек остануваат преговорите меѓу ЈПГ/ПКК и странските терористи на ДЕАШ кои се опколени од силите на ЈПГ/ПКК во Деир ез-Зор.
ЈПГ/ПКК им гарантираа на странските борци на ДЕАШ и нивните семејства безбеден премин во Идлиб доколку тие го спуштат нивното оружје и ги ослободат заробените терористи на ЈПГ/ПКК.
Некои арапски членови на ДЕАШ, сепак, би сакале да се преместат во Идлиб, што најверојатно би довело до конфликт меѓу ПКК и ДЕАШ.
Додека ЈПГ/ПКК не зазедоа јасен став за предложеното преместување во Ирак, тие предложија некои пустински области на покраината Хомс како можна алтернатива.