Sibel Uğurlu
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
АНКАРА (АА) - Сириската медиумска делегација денес го посети седиштето на Anadolu Agency (AA) во главниот турски град, Анкара.
Претставниците на Унијата на сириски медиуми, која работи во областите ослободени од терористичката организација ДЕАШ во операциите „Штитот на Еуфрат" и „Маслинова гранка", го посетија заменик генералниот директор и главен и одговорен уредник на Anadolu Agency, Метин Мутаноглу, и главниот уредник за меѓународни вести, Фарук Токат.
За време на состанокот беше дискутирано за обуката за 300 сириски медиумски професионалци.
Anadolu Agency е основана во 1920 година и претставува етаблирана светска новинска агенција која работи во повеќето главни региони низ светот, вклучувајќи ги и Америка, Европа, Блискиот Исток и Азија-Пацифик, и им служи на своите претплатници во повеќе од 100 земји.
АА објавува вести на 13 различни јазици, меѓу кои и на македонски јазик.