Ömer Koparan
24 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
АЗАЗ (АА) - Слободната сириска војска (ССВ) испрати воени единици на линиите на фронтот на подрачјата во Сирија ослободени со офанзивата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Возила со тешко наоружување и оклопни возила на Дивизијата „Хамза“, поврзана со Слободната сириска војска, се упатија кон линиите на фронтот во Мунбич, односно на линијата на разделување со терористичката организација ЈПГ/ПКК и силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Новинарот на АА дознава дека силите упатени кон Мунбич, кој е под окупација на ЈПГ/ПКК, ќе бидат задолжени за важни задачи во операцијата што Турција би можела да ја започне врз Мунбич.
„Нашите единици тргнаа кон патот на линиите на контакт со подрачјата под опсада на терористичките организации“, изјави Ебу Језен, еден од командантите.
Језен ги повика цивилите во Мунбич да се оддалечат од подрачјето на кое се позиционирани терористите на ЈПГ/ПКК.
„Ние ќе го расчистиме Мунбич од терористите и тој ќе биде ослободен“, нагласи Ебу Језен.