Mohamad Misto,Ayşe Aktaş
04 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
ХАМА (АА) - Дводневниот бунт на затвореници во Централниот затвор во сирискиот град Хами , завршен е денес со договорот со властите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Ассад, а предвидено е на слобода да бидат пуштени 200 затвореници, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор за АА од затворот јавува дека сириските власти веќе ослободиле 34 политички затвореници и како тие со посредство на сириската Зелена полумесечина се префрлени во различни градови.
Затворениците и понатаму како заложници држат еден официр и пет припадници на сириските безбедносни сили, а за нивното ослободување се чека властите да ослободат уште 166 затвореници.
Во затворот во Хами престојуваат повеќе од илјада затвореници, поголем број политички затвореници, а бунтот пред два дена изби со барање властите да се откажат од извршување смртни казни за пет затвореници, на кое, како јави истиот извор, сирискиот режим се согласи.
Сириските безбедносни сили во понеделник се обидоа со интервенција да ја потиснат понудата, но по заробувањето на вкупно осум припадници на безбедносните сили се откажаа од интервенцијата и вчера започнаа преговорите. Два заложника се ослободени, а шест се и понатаму заложници на бунтовните затвореници.
Истиот затвор поради лошите услови и тортури над затворениците во август минатата година беше место на бунтот на затворениците, а та тој е потиснат со интервенцијата на сириските безбедносни сили.