Nilay Kar
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
ЊУЈОРК (АА) - Сирија го повикува Советот за безбедност на Обединетите нации да одржи вонредна седница во врска со Голанската Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).
Барањето на Сирија доаѓа по контроверзната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.
Во понеделникот, Трамп потпиша претседателски декрет со кој официјално ја признава Голанската Висорамнина како израелска територија.
Обединетите нации (ОН) соопштија дека според меѓународното право, и покрај потегот на Трамп, Голанската Висорамнина сѐ уште ќе се смета за окупирана територија.
Израел ја окупираше Голанската Височина од Сирија за време на Арапско-израелската војна во 1967 година.
Израел продолжи со окупирањето и окупира околу две третини од поширокото подрачје на Голанската Висорамнина како директен резултат на судирите.
Во 1981 година Израел формално ја анектираше територијата, потег кој тогаш едногласно беше отфрлен од Советот за безбедност на ОН.