Ekipa
22 Јуни 2017•Ажурирај: 23 Јуни 2017
ИДЛИБ (АА) - Синоќа, во центарот на Идлиб, во северниот дел на Сирија беше извршен бомбашки напад. Напаѓачот користел мотор со кој се упатил кон една контролна точка во центарот на градот. Според првичните информации, во експлозијата загинаа 7 лица, а 12 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на цивилната заштита на Идлиб за АА изјави дека во центарот на Идлиб, напаѓач со мотор извел самоубиствен напад, активирајќи го експлозивот во близина на една безбедносна контролна точка, поставена од страна на опозициските сили.
„Припадниците на безбедносните сили на контролната точка го забележале мотоциклистот, но напаѓачот приближувајќи се кон нив, го активирал експлозивот. Во експлозијата животот го загубија 7 лица, додека 12 се ранети“, изјави претставникот на цивилната заштита.
Ранетите се префрлени во локалните болници. Се стравува дека е можно да се зголеми бројот на загинатите, бидејќи има и потешко повредени.
Претставниците на безбедноста во Идлиб изјавија дека е поведена истрага во врска со настанот. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.