Ahmet Karaahmet
13 Октомври 2022•Ажурирај: 16 Октомври 2022
ДАМАСК
Режимот на Башар ал Асад тврди дека 18 војници загинале во бомбашки напад во Дамаск, главниот град на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Режимската агенција САНА, повикувајќи се на воен извор, објави дека во утринските часови во Дамаск бил извршен бомбашки напад врз возило кое превезувало војници лојални на режимот.
Се наведува дека загинале 18 војници, а 27 се ранети.