Adham Kako
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во нападите извршени во текот на минатата година на подрачјето на Источна Гута во Сирија, загинаа 1.337 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу смртно настраданите се наоѓаат и 12 припадници на Цивилната заштита. Според податоците на Цивилната заштита, минатата година биле ранети 9.123 цивили.
Извршени се 1.403 воздушни и 7.325 артилериски напади. Во извештајот на Цивилната заштита се наведува дека силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговите поддржувачи, во воздушните напади користеле 16 барел бомби.
Во бомбардирањата на околината на Дамаск, цел беа и седум центри на Цивилната заштита.
Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, живеат околу 400.000 цивили, а половина од нив се деца. Опсадата во Источна Гута, која е една од зоните без судири, е интензивирана во последните девет месеци.
На подрачјето на кое е продлабочена хуманитарната криза неколку илјади болни чекаат евакуација, а за над 600 болни потребна е итна евакуација.
Поголемиот дел од болните се деца и заболени од карцином чија болест е во поодминат стадиум. До денес, поради недостаток на храна и лекови, починаа голем број деца од Источна Гута.