Mohamad Misto,Adham Kako
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
АНКАРА
Во воздушен напад, што коалициските сили на чело со Соединетите Американски Држави (САД) го извршија на Деир ез Зор, Сирија, загинаа најмалку пет цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори наведуваат дека авионите на коалициските сили во вечерните часови часови извршиле акција на подрачјето во Деир ез-Зор, кој е под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а поради сомнеж дека тука се наоѓаат терористите на ДЕАШ.
Во нападот загинаа пет цивили.
Во акцијата која коалициските сили и ЈПГ/ПКК, која го користи името СДФ, ја извршија на 16 јули во Деир ез Зор, а со цел неутрализација на припадниците на ДЕАШ, загинаа 13 цивили.
Извештајот на Сириската мрежа за човекови права (SNHR) објавен на 20 март покажува дека коалицијата на чело со САД од септември 2014 година до 20 март 2019 година усмрти 3.035 цивили, од кои 924 малолетници и 656 жени.