Adham Kako
31 Јули 2019•Ажурирај: 01 Август 2019
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека 781 цивил ги загубиле животите во интензивните напади на режимот на Башар ал Асад и неговиот поддржувач, Русија, во деескалационата зона во Идлиб, во последните 3 месеци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на СНХР, 781 цивил, од кои 140 жени и 208 деца, се убиени при воздушните и копнените напади на режимот на Асад и Русија во деескалационата зона, во периодот од 26 април до 27 јули.
Во нападите на режимот животот го загубиле 625 цивили, од кои 115 жени и 170 деца. Во нападите на Русија пак, убиени се 156 цивили, од кои, 25 се жени, а 38 деца.
- За 3 месеци 33 „масакри“ -
За СНХР „масакр“ претставува кога во еден напад ќе има најмалку 5 убиени цивили. Сириската мрежа за човекови права истакна дека режимот и Русија во тримесечниот период извршиле 33 масакри во деескалационата зона на судирите во Идлиб.
Исто така се наведува дека во тие напади загинале 271 цивил, од кои 58 биле жени, а 85 деца.