Said İbicioğlu
15 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
АФРИН/ИСТАНБУЛ (АА) - САИД ИБИЏИОГЛУ
Цивилното население кое се врати во селата во Африн, кои Вооружените сили на Турција и Слободната војска на Сирија, претходно ги исчистија од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ, порача дека се многу задоволни со односот на турските војници и опозициските сили кон нив, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивилите во селото Мерјемејн, кое на 9.март беше исчистено од терористите на ЈПГ/ПКК, веќе излегуваат на улиците и продолжуваат да работат во продавниците како порано.
Ибрахим Хамуд, еден од трговците кој започна повторно да работи во својата продавница, за АА изјави дека е презадоволен со односот на турските војници и опозициски сили кон жителите.
„Кон нас се однесуваат навистина убаво. Би сакал да останат уште тука, да ни помогнат во воспоставување на безбедноста“, изјави овој трговец.
Махир ел Касим, уште еден трговец од селото Meryemeyn, истакна дека се чувствува безбедно, додавајќи дека животот се вратил во нормала.
„Околу 90 отсто од селаните не ги напуштија своите куќи, исчекувајќи ја турската војска и Слободната војска на Сирија да го ослободат селото. Ни беше забрането да го напуштаме селото додека беа тука припадниците на ПЈД/ПКК. Сега сме конечно слободни да се движиме. Овие војници кон нас се однесуваат многу убаво“, изјави ел Касим.
Хасан Бидур, кој исто така живее на тоа подрачје, споделува исто мислење како и неговите комшии.
„Поголемиот дел од жителите не го напуштаа ова село. Турската војска и Слободната војска на Сирија кон нас се однесуваат како кон браќа. Не се соочивме со незгодни ситуации или со нешто што би не загрозило на некој начин“, изјави Бидур, додавајќи дека припадниците на ПЈД/ПКК, додека биле во селото, ги злоставувале цивилите кои не ги поддржувале.
Тој истакна и дека терористите ги носеле мажите принудно во војна и дека барале пари од жителите кои сакале да се занимаваат со трговија.
Јамин ел-Хаџи, уште еден жител на селото Мерјемејн, истакна дека долго го чекале овој момент кога нивното место конечно ќе биде ослободено од терористите.
„Сега е се како што треба. Конечно сме слободни. Верувам дека се ќе биде уште поубаво. Се чувствуваме безбедно“, изјави ел-Хаџи.
Трговецот Мази Хај Хасан изјави дека ја отворил продавницата веднаш следното утро, по ослободување на селото.
„Затоа што знаев дека овие војници, кои дојдоа сега, се наши заштитници. Тоа се наши луѓе“, изјави Хасан, додавајќи дека животот во селото се одвива како и порано.
„Воопшто не се точни тврдењата на некои кои велат 'ќе ве убијат'. Тоа не е вистина. На пријателите во Африн исто така им кажав да не се грижат ништо и дека нема потреба за страв. Тука кон Курдите се однесуваат многу убаво “, изјави Хасан.
Ахмед ел Али, сопственикот на продавницата во Meyremeyn, изјави дека две ипол години чекале Слободната војска на Сирија да дојде на тоа подрачје.
„Баш ни е мило тоа што конечно се случи. Сега ни е многу полесно“ , изјави ел-Али.
Уште еден жител на овој село, Мухамед Хаџл Хасан изјави дека е многу среќен што Вооружение сили на Турција и Слободната војска на Сирија го исчистиле нивното село од терористите.
„Фала му на Бога што сме ослободени од рацете на терористите“, изјави Хасан, додавајќи дека сега се чувствуваат потполно безбедни.
Инаку, Вооружените сили на Турција и Слободната војска на Сирија во рамките на операцијата во Африн до сега ослободија 229 точки, вклучувајќи 190 села и 39 критични точки.