Sinan Uslu
30 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, која се спроведува во северниот дел на Сирија, против терористичката организација ДЕАШ, неутрализирани се 1.294 припадници на ДЕАШ и 306 на ПКК/ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштение од Генералштабот на турската војска се дадени информации за активностите што се спроведуваат во Турција против ПКК, но и во акциите во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“.
Во тек се акциите што припадниците на Вооружените сили на Турција (ТСК) ги спроведуваат против ПКК на подрачјето на Турција, и тоа во местата Хакќари, Сирнак, Дијарбакир, Мардин и Битлис.
Во Лице, Дијарбакир и Татван, Битлис, неутрализирани се 23 терористи. Меѓу останатото, запленети се 22 рачно изработени експлозиви, седум пушки, 140 килограми амониум нитрат, како и големо количество експлозивни материи и рачно изработени бомби.
Изведени се и акции на подрачјето на Ширнак, Сирт, Мардин и Батман, во чии рамки е извршен претрес во пештери и други места што терористите ги користеле како засолништа.
Во рамките на граничните акции и граничната контрола, фатени се 6.968 лица кои по илегални патишта се обидувале да влезат во земјата. Во акциите спроведени во последните седум дена загина еден војник.
Во соопштението од Генералштабот се вели дека офанзивата е започната на 24 август и понатаму трае во северниот дел на Сирија. Исто така, се вели дека до денес е воспоставена контрола над површина од 1.860 квадратни километри и 225 места помеѓу Азаз и Џарабулус.
Во продолжение на офанзивата „Штитот на Еуфрат“се неутрализирани 1.171 терористи, а пак фатени се уште 123, од кои шестмина се ранети.
Неутрализирани се и 306 теористи на ПКК/ПЈД, а уништени се 2.392 рачно изработени експлозивни направи и 42 мини.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ е започната на 24 август, во северниот дел на Сирија со цел да се неутрализираат терористичките закани, особено ДЕАШ, како и со цел да се зајакне безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас.
Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право на самоодбрана ги поддржуваат и турските сили, како и меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ.