Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
23 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
ИДЛИБ (АА) - Поради интензивните напади на силите на Асадовиот режим во Сирија и Русија врз западното и јужното рурално подрачје на Алепо, што спаѓаат во рамки на Зоната за деескалација во Идлиб, во последните два дена се раселија околу 36.000 цивили, додека бројката на цивилите кои присилно мигрирале во последните 2,5 месеци достигна 450.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од директорот на Канцеларијата за координација на интервенции на Сирија, Мухамед Халаџ, како резултат на нападите поддржани од воздух од Русија, продолжуваат миграциите од различни подрачја како Дарет Изе, Етариб, Хурејтан, Хајан, Анадан, Ајнџара, Касимије, Селум, Хан Туман, Хан Асал, Кефер Наха Бара и Ајн Џара.
Како резултат на нападите од силите на Асадовиот режим и Русија, во последните два дена уште 36.007 цивили, односно 11.691 семејство останаа без покрив над главата.
Поголемиот дел од раселените лица мигрираа во камповите што се наоѓаат на граничната линија со Турција, додека дел од нив се засолнуваат во зоните што беа исчистени од терористите во турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.
Од ноември 2019 година досега од населените места во западното и јужното рурално подрачје на Алепо, како и во јужното и југоисточното рурално подрачје на Идлиб, раселени се околу 450.000 цивили.