Halit Süleyman
09 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 15 цивили загинаа, а 17 се повредени во денешните воздушни напади на руската армија во населени места во североисточниот дел на градот Идлиб контролирани од сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадници на Цивилната заштита во Идлиб велат дека руски авиони утрово нападнале четири населби во регионот Селак во Идлиб.
Истиот извор вели дека тимовите на цивилната заштита и активистите ги пребаруваат уништените згради во потрага по можни жртви.
Локалниот активист Фирас Фахам рече дека руски авиони денес бомбардирале неколку села во североисточниот дел на Идлиб, каде што биле згрижени бегалци од Алепо.
„Илјадници бегалци побегнале од Алепо, кој е цел на жестоки руски воздушни напади, а сега истите тие се цел на истите овие руски авиони. Русите го бомбардират секое место кое е под контрола на противниците на сирискиот режим”, рече Фахам.