Hamdi Çelikbaş
15 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
АНКАРА
Ракетите лансирани од аеродромот Кувеирес во сирискиот Алепо ги погодија цивилните населби и паркираните цистерни со гориво во Џарабулус и Ал Баб на северот на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти на социјалната мрежа Твитер дека во нападот имаше ранети, а дека станува збор за напади на балистички ракети и повеќецевни ракетни фрлачи, кои се изведени од позициите кои се под контрола на силите лојални на режимот на Башар ал Асад.
Во соопштението се наведува дека, недолго по нападите на цивилите во регионите кои се ослободени во операцијата „Штитот на Еуфрат", Руската Федерација е предупредена да запрат нападите врз цивилите во Сирија.
Министерството на Твитер истакна дека се гаѓани локациите од кои ракетните напади се изведени.
„Предупредени се нашите единици сместени на подрачјата опфатени со ракетните напади во Сирија, го следиме развојо на ситуацијата", се наведува во соопштението со кое е објавена и снимка од погодените цистерни кои се во пламен.