Сирија: Израел изврши нови воздушни напади врз Дамаск
- Во нападот се убиени и повредени неколку лица, објавија сириските државни медиуми
ИСТАНБУЛ (АА) - Сириските државни медиуми денес објавија дека Израел извршил нови воздушни напади врз главниот град Дамаск, пренесува Анадолу.
Државната новинска агенција САНА објави дека цел на нападите биле две згради во населбите Ал Мазех и Кудсаја во Дамаск.
„Во нападот се убиени и повредени неколку лица“, објави САНА, без да го прецизира точниот број на жртви.
Новинската агенција наведува дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала непријателски проектил во Хомс, централна Сирија. Не е прецизирано дали Израел стои зад инцидентот.
Израел не ги коментираше вестите.
Израелската војска на 5 ноември соопшти дека нејзините воени авиони гаѓале магацин за оружје на Хезболах во западниот сириски град Ал-Кусајр.
Израел, кој ретко коментира за воените операции, спроведува воздушни напади врз Сирија од 2011 година, фокусирајќи се на иранските и сириските сили и целите на Хезболах.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.