Canberk Yüksel
27 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
РАКА (АА) - Терористичката група ПЈД/ЈПГ презеде контрола над браната Табка, најголемата брана на реката Еуфрат во Сирија, која претходно ја контролираа припадниците на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните официјални лица за АА потврдија дека 650 борци ја зазеле стратешки важната брана со помош на коалицијата предводена од САД.
Коалицијата вчера соопшти дека во тек е операција на заземање на браната, југозападно од Рака.
„Преземаме мерки за да се сочува интегритетот на браната како витален ресурс за народот на Сирија“, се наведува во нивното соопштение.
Во соопштението се вели и дека Сириските демократски сили (СДФ), кои ги поддржуваат САД, презеле контрола над преливот северно од браната.
Во редовите на СДФ се борат голем број борци на ПЈД/ЈПГ, сириски огранок на терористичката организација ПКК.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, меѓутоа ни САД ни ЕУ не ја следеа Турција во нејзината борба против ЈПГ.