Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
28 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
ИДЛИБ (АА) - Шестиот евакуациски конвој од Источна Гута, која е под опсада на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите поддржувачи, пристигна до Хама, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерите на Аnadolu Agency (AA) во Источна Гута јавуваат дека се продолжени евакуациите од Ирбин, Замалка и Еин Тарма, кои припаѓаат на Источна Гута.
Првите два конвои ги евакуираа лицата од Хараста, а потоа започна евакуацијата од Ирбин, Замалка и Еин Тарма.
Шестиот конвој во 57 автобуси и четири амбулантни возила превезува 3.241 лице меѓу кои и болни и ранети, како и припадници на опозицијата. Се очекува конвојот од Хама да тргне кон привремените бегалски кампови на периферијата на Алепо и Идлиб.
Бројот на луѓето кои за време на принудните евакуации покренати минатата недела ја напуштија Источна Гута, е поголем од 22.000. Додека од една страна трае евакуацијата од одредени простори, подрачјето Дума, кое припаѓа на Источна Гута, е сеуште под опсада.
Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите поддржувачи со поддршка на Русија од воздух, на 19 февруари покренаа акција за да ја заземат Источна Гута која е под контрола на опозицијата.
Оттогаш се извршени голем број на напади на подрачјето на кое живеат околу 400.000 цивили. Загинаа голем број на цивили, а се почести и поинтензивните напади ги натераа цивилите да побараат заштита во засолништа и подруми.