Eşref Musa,Ömer Koparan
29 Декември 2020•Ажурирај: 31 Декември 2020
ТЕЛ АБЈАД
Во 35 села во подрачјето на Тел Абјад во Сирија, што беше ослободено од терористите на ЈПГ/ПКК со турската операција „Извор на мирот“, со помош на Турција решен е проблемот со водоснабдувањето, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која под своја контрола ги држи енергетските ресурси на североистокот на Сирија, го лишува од вода и електрична енергија населението што живее во областа од операцијата „Извор на мирот“.
Откако ЈПГ/ПКК ја намали моќноста на електричната енергија што доаѓа во регионот, 35 села во западниот дел на Тел Абјад не беа во можност да обезбедат вода.
Проблемот со водата е решен со соработка на Локалниот совет на Тел Абјад и Државниот директорат за хидраулични работи на Гувернерството на Шанлиурфа.
Триесет и петте села започнаа да се снабдуваат со вода со монтирање на трафостаници соодветни на напојувањето за електрична енергија.
Одговорното лице за снабдување со вода во Локалниот совет на Тел Абјад, Самер Иса, во изјавата за Агенција Анадолија рече дека е обезбедена вода за пиење и наводнување за 35 села.
Иса, истакнувајќи дека старата трафостаница е заменета со помош на Управата за водостопанство на Шанлиурфа, рече: „За да се постигне потребното ниво на електрична енергија, монтирана е нова трафостаница и инвертер. Денес, водата стигна до 3.500 луѓе што живеат во Тајба и во 35 села околу неа.“
Халил Ебу Махмут, жител на селото Тајба, рече дека претходно минувале најмалку 8 километри за да се снабдат со вода.
Наведувајќи дека е среќен што проблемот е решен, Ебу Махмут нагласи дека потребната електрична енергија е обезбедена благодарение на новата трафостаница и инвертер.
Ебу Махмуд, исто така, ѝ се заблагодари на Турција за поддршката што им ја даде.