Esat Fırat
19 Август 2018•Ажурирај: 20 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) – Повеќе од 80 радикални Евреи, меѓу кои беа и припадници на израелската Разузнавачка служба, влегоа во „Ал Акса“, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Управата за вакуфи во Ерусалим (Кудс), Фирас Дибс, изјави дека израелската полиција, за Евреите го отвори влезот „Ел Мегарибе“ на југозападот на „Ал Акса“.
Дибс додаде дека 82 Евреи, од кои седум припадници на Разузнавачката служба, во придружба на полицијата влегле во „Ал Акса“ и дека поединци извршиле верски обреди.
Влегувањето на радикалните Евреи во „Ал Акса“ доведува до зголемување на тензиите и судирите на Палестинците и израелската полиција.