Ekip
31 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
ЊУЈОРК (AA) – Советот за безбедност на обединетите нации за денеска закажа гласање за руската резолуција која би го одобрила договорот за прекин на огнот во Сирија и би ја повторила поддршката во мировниот план кој би започнал со формирање на преодна влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нацртот на резолуцијата, се повикува на „брз, сигурен и непречен" пристап на доставување на хуманитарната помош на територијата на целата Сирија.
Резолуцијата би требала да доведе до состанок кон крајот на јануари на сириската влада и опозиција во Астана, главниот град во Казахстан, што би претставувло „важен дел од сирискиот политички процес под покровителство на Обединетите нации."
Русија и Турција, кои посредуваа во постигнување на договорот за прекин на огнот, го испратија текстот и нацртот на резолуцијата на членовите на Советот за безбедност во четврток навечер.
По затворената расправа на советот во петок наутро, рускиот амбасадор во ОН, Витали Чуркин во оптек го даде и ревидираниот текст и гповика на гласање во сабота и членовите на Советот за безбедност да го поддржат.