Erkan Avci
10 Декември 2015•Ажурирај: 10 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Барак Обама во Овалната соба го прими претседателот на Израел Реувен Ривлин, што претставува прва посета на Ривлин на Белата куќа од изборите на функција на претседател на Израел.
Непосредно пред почетокот на состанокот Обама во кратко обраќање на новинарите истакна дека поддршката на безбедноста на Израел и понатаму е најважниот надворешнополитички приоритет на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама рече дека прашањето на безбедноста на Блискиот исток е главна тема на неговата средба со колегата Ривилин и порача дека не треба да се откаже од напорите за решавање на палестинско-израелскиот конфликт, без оглед што нема знаци за скорешно воспоставување на мирот во тој регион.
„Јасно го осудив насилството во Израел, а потребно е тоа насилство јасно да го осудат и палестинските лидeри како што е претседателот на на палестинската управа Махмуд Абаз.Мора да биде завршена провокативната реторика и да се воспостави конструктивен дијалог кој ќе доведе до мирот. Мораме да тежнееме кон тоа, иако не изгледа дека ќе имаме мир во скоро време" , порача Обама.
Израелскиот претседател Ривлин рече дека Израел нема подобар пријател од САД и се заблагодари на секоја финансиска, дипломатска и воена помош која администрацијата на Обама во текот на претходните години ја пружала на Израел.
Ривлин рече дека е задоволен со одлучноста на САД во борбата против секој вид на радикализмот во светот и нагласи дека тоа не е војна против исламот, туку оние кои ја злоупотребуваат верата за да му се закануваат и да го загрозуваат целиот свет.
Обама и Ривлин разговараа и за прашањето на сириската криза и борбата против теротистичката организација ДАЕШ.