İrem Demir
27 Јули 2025•Ажурирај: 28 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, известува Анадолу.
Според соопштението што го објави дирекција за комуникации на турското претседателство, за време на средбата на Ердоган со Макрон било разговарано за најновата ситуација во Газа и случувањата во регионот.
Претседателот Ердоган рекол дека хуманитарната ситуација во Газа се влошува и дека меѓународната заедница мора веднаш да дејствува за да се најде решение.
Ердоган ја нагласил потребата од прекин на конфликтот меѓу Израел и Палестина и рекол дека решението за две држави е од суштинско значење за траен мир во регионот.
Истовремено, претседателот Ердоган му честитал на францускиот претседател Макрон за неговата одлука да ја признае Палестина како држава.