Hasan Esen
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
БРИСЕЛ (АА) – Заменикот-главен портпарол на Европската комисија, Мина Андреева, на дневната прес-конференција, од страна на новинарите беше запрашана за коментар во врска со вчерашната средба меѓу претседателите Ердоган и Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
„Средбата на претседателот Реџеп Таип Ердоган со претседателот на Русија, Владимир Путин, од страна на западните медиуми беше коментирана како оддалечување од Европа и барање нови партнери. Како Европска комисија, како ја гледате оваа средба?“ Таа одговори: „Ова беше билатерална средба. Од аспект на Европа, сакаме да нагласиме дека може да биде важна, поради обезбедувањето стабилност во една широка област и поради придонесот за решението на сириската криза по мирен пат“.
- Активностите на ФЕТО во Европа -
Портпаролот за надворешна политика на Европската комисија Маја Коцијанчиќ, на прашањето во врска со тоа дали против ФЕТО ќе направат чекори или не, одговори: „Изјавите на турските надлежни лица и изјавите на Ѓулен ги регистриравме. Сфаќаме дека сослушувањето е во тек. Легалниот процес треба да напредува во својата насока“.