Diyar Güldoğan
14 Мај 2026•Ажурирај: 14 Мај 2026
Средбата зад затворени врати меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Ѓинпинг во Пекинг траеше повеќе од два часа, изјави официјален претставник на Белата куќа, јавува Анадолу.
Си беше домаќин на приемот за Трамп во Големата народна сала, каде што кинеските деца вееја американски и кинески знамиња додека двајцата лидери минуваа покрај нив.
Во воведните зборови, Трамп му рече на Си дека односите меѓу двете земји се на пат да станат „подобри од кога било досега“.
Трамп многупати го фалеше лидерството на Си и развојот на Кина под негово владеење.
Си, од своја страна, му рече на Трамп дека Вашингтон и Пекинг треба да бидат „партнери, а не соперници“.
„Треба да си помагаме едни на други да успееме, да напредуваме заедно и да го најдеме вистинскиот начин големите земји да се сложуваат во новата ера“, истакна тој.
Конфликтот на Блискиот Исток, Тајван, трговијата и царините беа меѓу темите на врвот на агендата во разговорите меѓу двајцата лидери.
Ова е првата официјална посета на Кина од страна на актуелен американски претседател од посетата на Трамп во 2017 година за време на неговиот претходен мандат.