Semra Orkan
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган му упати честитки по повод постигнатиот успех на изборите што се одржаа во недела на 24 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извор од кабинетот на турскиот претседател, за време на телефонски разговор Столтенберг и претседателот на Турција Ердоган беше истакнато дека Турција силно ќе ја продолжи посветеноста кон НАТО и ќе ги интензивира напорите во рамките на Алијансата.
Столтенберг истакна дека Турција е многу важна членка на НАТО-алијансата.
Ердоган и Столтенберг се согласија дека Самитот на НАТО, кој во Брисел ќе се одржи на 11 и 12 јули во Брисел, е многу добра можност за билатерална средба.
Ердоган во претседателските избори освои апсолутно мнозинство со 52,59 отсто од гласовите, додека неговиот главен ривал Мухарем Инџе освои 30,64 проценти.