Ayhan Şimşek
02 Декември 2022•Ажурирај: 03 Декември 2022
БЕРЛИН (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вети продолжување на поддршката за Украина и додаде дека Сојузот ќе остане внимателен со цел да избегне поширока војна со Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„НАТО не е страна во судирот. Нема да бидеме вовлечени во војната на Путин“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција по состанокот со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин.
Челникот на НАТО го обвини рускиот претседател Путин за намерно бомбардирање на украинската цивилна и енергетска инфраструктура за да ги принуди Украинците да се предадат.
„Путин ја користи зимата како оружје. И не можеме да му допуштиме да победи. Во овој критичен момент, нашата постојана поддршка за Украина е поважна од кога било“, рече Столтенберг.
Тој упати благодарност на германската Влада за финансиската и воената помош за Украина.
„Германија е меѓу сојузниците кои на Украина ѝ пружаат најголема воена, финансиска и хуманитарна помош. Воената опрема што ја обезбедува Германија ги штити украинските домови, училиштата и болниците од руските ракетни напади“, рече Столтенберг.