Ata Ufuk Şeker
01 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека НАТО го поддржува правото на Турција да се брани и дека таа поддршка ќе продолжи и во иднина, јавува Anadolu Agency (АА).
"НАТО во изминатито период ја засили воздушната одбрана во Турција. На овој состанок ќе зборуваме за зајакнување на турската одбрана. Овие разговори немаат никаква врска со настаните од минатата недела. Станува збор за процес кој се однесува на долгорочните ветувања на НАТО за Турција. Процесот трае неколку години", рече генералниот секретар на Столтенберг пред седницата на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
Осврнувајќи се на прашањето за руското интензивирање на воено присуство на границите на НАТО, Столтенберг ја обвини Русија дека долго време инсталира модерно воено оружје околу границите на земјите-членки на НАТО.
"Гледаме таква ситуацијата во Сирија, на Блатикот, на Црното Море. Тоа стана нормален начин на однесување на Русија. Ние го интензивиравме военото присуство во источниот дел и го следиме оружјетоа кое Русија го поставува во пограничните региони. НАТО да се прилагодува на овие нови безбедносни рамки", изјави Столтенберг.
Коментирајќи во врска со актуелната ситуација во Турција и во регионот, Столтенберг изјави дека САД, Велика Британија, Германија, Данска и други членки на НАТО на различни начини ја поддржуваат Турција.
"Воздушната одбрана во Турција значително е зголемена во последниве години. Сега мора да се фокусираме на механизмите за смирување на тензиите и спречување на случувањата како овој од минатата недела", изјави Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.