Erdoğan Çağatay Zontur
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
ИДЛИБ (АА) - Неодамнешните судири меѓу двете воени сили лојални на Асадовиот режим во Сирија резултираа со смрт на најмалку 70 сириски трупи и голем број на повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворите, кои зборуваа под услов да останат анонимни, велат дека Силите „Тигар“ поддржани од Русија и Четвртата дивизија поддржана од Иран се судриле вчера во населеното место Ал Расиф, во сириската покраина Хама.
„И покрај примирјето кое според некои наводи беше договорено минатата недела, Четвртата дивизија, сепак, успеала да го преземе Ал Расиф од групата поддржана од Русија“, велат изворите, предупредувајќи дека конфликтот може да се прошири до околните села Ал Рамлах и Завр ал Кабир.
„И Русија и Иран сакаат да доминираат во регионот“, изјави за АА Мухамед Рашид, портпаролот на Гиш ал Наср (фракција на Слободната сириска армија).
„Русија не сака групите поддржани од Иран да бидат распоредени по должината на фронтот со опозициските сили“, рече тој.
„Москва сака да го спречи Иран да доминира во [сириската] армија преку илјадниците странски терористи во Сирија“, додаде тој.
Рашид истакна дека судирот меѓу двете групи бил предизвикан поради финансиски причини.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.