Gülşen Topçu
01 Август 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
ТАИЗ (АА) - Во судирите меѓу Хусите и владините воени сили во јеменскиот град Таиз и во воздушните напади изведени од страна на коалициските сили, предводени од Саудиска Арабија, животот го загубија 12 Хуси и 4 војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Информативниот центар, кој е дел од Воената команда во Таиз, објави дека во воздушните напади на коалициските сили изведени во различни делови од градот, животот го загубиле 12 Хуси. Во соопштението се наведува дека владините сили воспоставиле контрола врз ридот Ал-Хазан, кој се наоѓа на патниот правец меѓу Ал-Худида и Долината Расјан.
Од друга страна, Хусите извршија напад на местото Моза во подрачјето на Таиз, во кој животот го загубија 4 војници.
Политичката нестабилност, која подолго време владее во Јемен, овозможи Хусите и поддржувачите на соборениот претседател Али Абдула Салих, од септември 2014 година досега под контрола да го држат главниот град Сана. Од март 2015 година, коалициските сили, предводени од Саудиска Арабија, ѝ даваат поддршка на владата на Јемен и се борат против Хусите.