свет

Таткото нa Палестинката Ахед: Израел од светот сака да го сокрие случајот на мојата ќерка

„На овие судови им смета вниманието кое се посветува на случајот и не сакаат луѓето да ја видат оваа претстава. Бидејќи за ова зборува целиот свет...“

Turgut Alp Boyraz  | 20.03.2018 - Обновена : 21.03.2018
Таткото нa Палестинката Ахед: Израел од светот сака да го сокрие случајот на мојата ќерка

Еrusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Басим ет-Тамими, таткото на уапсената Палестинка, тинејџерката Ахед Тамими, смета дека судот со одлуката за затворање на судењето за медиумите, сака да го прикрие случајот од јавноста, јавува Anadolu Agency (AA).

Тамими за АА зборуваше пред утрешното рочиште кое ќе биде одржано во воениот суд Офер на Западниот Брег.

Тој потсети дека неговата ќерка и неговата сопруга Нериман, кои се наоѓаат во воен затвор, последен пат пред судот излегле на 13 февруари. Смета дека наредното сослушување е пролонгирано два пати со цел намалување на интересот на јавноста за целиот процес и потсети дека по тоа е донесена и одлуката сослушувањата да бидат затворени за медиумите.

Тој изјави дека не станува збор за вистински суд, туку за претстава, и дека не е можно од него да се очекува правда.

„На овие судови им смета вниманието кое се посветува на случајот и не сакаат луѓето да ја видат оваа претстава. Бидејќи за ова зборува целиот свет. Со затворањето на вратите на судот сакаат да го намалат интересот на светот“, изјави Басим ет-Тамими.

Тој додаде дека не очекуваат одлуката да биде донесена утре по сослушувањето.

Израелските војници ја приведоа Ахед Тамими на 19 декември 2017 година при упад во семејната куќа во Рамала. Нејзината мајка следниот ден отиде до притворот во Рамала за да добие информација за својата ќерка, а потоа и таа беше приведена.

Ахед, која на снимките се гледа како ги удира израелските војници кои насилно влегоа во дворот на куќата, е обвинета за напад. На снимката, покрај Ахед е и нејзината роднина Нур Тамими, која исто така е приведена и одведена во израелскиот воен затвор.

Пред судот утре, освен Ахед, ќе бидат изведени и нејзината мајка и роднина.

На Ахед во 2012 година во Истанбул ѝ беше врачена наградата за храброст „Hanzala“ поради спротиставувањето на израелските војници кои го приведуваа нејзиниот брат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.