Şerife Çetin
18 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Се тврди дека три компании во Белгија, без да добијат потребни дозволи, извезувале забрането хемиско средство кое се користи во подготовка на хемиско оружје во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на водечкото белгиско списание „Knack“, граничните власти на Белгија поднесоа кривична пријава против три компании.
Се истакнува дека во Кривичнот суд во Антверпен е отворена тужба против три фламански компании, кои во периодот од 2014 до 2016 година извезувале хемиски средства во Сирија, без да добијат потребни дозволи. Се очекува првото судско рочиште да се одржи на 15 мај.
За извезување хемиски средства од Белгија во Сирија, почнувајќи од 2013 година, потребно е да се добие дозвола за извоз. Во веста се тврди дека три фламански компании во периодот од 2014 до 2016 година, 24 пати извршиле извоз на хемиски средства во Сирија, без да добијат дозвола.
Според оваа вест, од Белгија во Сирија вкупно се извезени 168 тони изопропанол, кој може да се користи за подготовка на сарин гас, 219 тони ацетон, 77 тони метанол и 21 тон дихлорометан.
Претставниците на овие компании велат дека немале информации оти треба да се добие дозвола околу тоа. Тие истакнаа дека извозот е извршен кај нивните долгогодишни партнери, и дека овие лица не се наоѓаат во ниту една листа за забрана.
Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW), претходно соопшти дека во Сирија се уништени 133 тони изопропанол.