Zafer Fatih Beyaz
15 Јуни 2022•Ажурирај: 16 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије (Турција), Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се вели дека Ердоган и Столтенберг се осврнале на апликацијата на Шведска и Финска за членство во НАТО.
Ердоган во телефонскиот разговор повтори дека треба да се направат чекори во насока на разрешување на легитимната загриженост на Турција во врска со барањето на Шведска и Финска за членство во НАТО.
Турскиот претседател нагласи дека сѐ додека двете земји не направат конкретни чекори за исполнување на праведните очекувања на Турција, и сѐ додека не се дадат писмени ветувања дека ќе се оди на промена на парадигмите во насока на соработка во борбата против тероризмот и во одбранбената индустрија, нема да може да се постигне напредок во овој процес.