İnci Gündağ
06 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
ЛОНДОН (АА) - Член на Европскиот парламент од редовите на евроскептичната Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП), Стивен Волф, беше хоспитализиран откако во тепачката за време на состанокот на партијата се здоби со сериозни повреди, јавува Anadolu Agency (AA).
„Tажен сум поради утринската кавга за време на состанокот на членовите на Европскиот парламент на нашата партија, во којашто Стивен Волф падна на подот, а потоа беше префрлен и во болница. Неговата состојба е многу критична”, рече Најџел Фараж, вршителот на должноста претседател на УКИП.
Повикувајќи се на неименувани извори од партијата, британските медиуми објавија дека на состанокот на членовите на УКИП во Европскиот парламент дошло до вербална, а потоа и до физичка пресметка во која Волф се здоби со тешки повреди на главата претрпувајќи потрес на мозокот.
Волф е 49-годишен политичар, кој вчера објави дека ќе се кандидира за претседател на партијата УКИП откако на таа позиција оставка поднесе Дајан Џејмс.
УКИП е евроскептична партија во Европскиот парламент којашто има има вкупно 24 пратеници.