Ekipa
06 Февруари 2022•Ажурирај: 07 Февруари 2022
КАМИШЛИ (АА) – Терористичката организација ЈПГ/ПКК киднапира двајца новинари кои работат за медиум близок до Курдскиот национален совет во Сирија, според локални извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите на ЈПГ/ПКК во текот на ноќта влегле во куќите на Сабри Фахри и Бавер Мола Ахмет во градот Камишли во североисточна Сирија и ги одвеле на непозната локација“, изјавија изворите под услов да останат анонимни.
Двајцата новинари работат за „АРК Њуз“ со седиште во Ербил, северен Ирак.
Според изворите, наредбата за киднапирање на двајцата новинари ја издал Махмут Риш, командант на терористичката организација ПКК за регионот на Кандил во северен Ирак.
Вчера, терористичката организација ја забрани курдската телевизија „Рудав“ во областите под нејзина контрола во североисточна Сирија.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.