Eşref Musa,Mohamad Misto
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
КАМИШЛИ
Терористичката организација ЈПГ/ПКК на териториите што ги држи под своја окупација во Сирија киднапираше уште едно дете во областа Камишли, а потоа со присила го регрутираше, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, ЈПГ/ПКК во областите што се под нејзина окупација во Сирија продолжува да киднапира децата, со цел тие деца да се борат во нивните редови.
Занемарувајќи го меѓународното право, терористичката организација го киднапираше 14-годишното момче по име Салар ал Халифе од селото Сиха во Камишли, сместено во североисточниот дел на Сирија.
Терористите насилно го однеле момчето Халифе во областа Кахтаније во Камишли, за да се бори во редовите на терористичката организација.
ЈПГ/ПКК, во последно време, во областите што ги окупираше киднапираше голем број деца и насилно ги регрутираше.
- Користењето на децата од страна на ЈПГ/ПКК како „борци“ се рефлектира и во извештаите
Во „Извештајот за трговијата со луѓе 2020“, што Стејт департментот на САД го објави на 26 јуни, се наведува дека терористичката организација ЈПГ/ПКК ги тера децата да се борат.
„ЈПГ продолжи присилно да регрутира и да користи дури и 12-годишни момчиња и девојчиња од бегалските кампови во северозападна Сирија“, се вели во извештајот од Стејт департментот.
Од друга страна, и Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ), во својот извештај објавен на 16 јануари сподели нови информации во кои се вели дека терористичката организација ЈПГ/ПКК користи деца како борци во Сирија.