Eşref Musa,Mohamad Misto
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
АНКАРА (АА) - Ибрахим Ибрахим, наводно еден од прес-координаторите на терористичката организација ЈПГ/ПКК, која го користи називот СДГ (т.н сириски демократски сили), тврдејќи дека мнозинството луѓе што живеат во сириски Идлиб се терористи, рече дека треба да бидат убиени 2 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ибрахим синоќа преку видео-конференција се вклучи во програмата на сириската опозициска телевизија „Syria TV“, каде што се разговараше за Ковид-19.
Тврдејќи дека Светската здравствена организација (СЗО) обезбедила опрема за Идлиб во борбата против епидемијата, Ибрахим рече дека тоа значи дека се поддржани терористите.
„Тие што се наоѓаат во Идлиб се терористи“, нагласи Ибрахим.
На прашањето на новинарот со оглед на тоа што во Идлиб живеат 4 милиони луѓе, дали тоа значи дека таму има 4 милиони терористи, Ибрахим одговори: „Да 4 милиони. Ако не се сите 4 милиони, тогаш 75 отсто од нив, или 50 отсто се терористи. А другите се невини граѓани.“
По неговиот одговор новинарот праша: „Дали тие треба да бидат убиени?“. Ибрахим на тоа прашање одговори потврдно: „Да, тие треба да бидат убиени.“
Ибрахим во својата понатамошна изјава повтори: „Ако таму има 4 милиони луѓе, 2 милиони од нив се терористи. Јас стојам зад ова што го велам.“