Burak Karacaoğlu,Ömer Koparan
02 Ноември 2019•Ажурирај: 03 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека според првичните сознанија, 13 цивили загинале, додека околу 20 цивили се повредени како резултат на експлодирање на возило бомба од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК на пазарот каде што пазарувале невини луѓе во центарот на Тел Абјад, пренесува Anadolu Agency (AA).
- Турција: „Најостро го осудуваме овој нечовечки напад на ЈПГ/ПКК“
Во соопштението на ова Министерство се вели дека врз цивилите е извршен напад од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК која е нетолерантна кон тоа што во Тел Абјад сѐ е вратено во нормала во рамки на операцијата „Извор на мирот“.
„Никаквеците кои се припадници на ЈПГ/ПКК експлодираа возило бомба на пазарот каде што пазарувале невини луѓе во центарот на Тел Абјад, при што, според првичните сознанија, загинаа 13 цивили, додека околу 20 цивили се повредени“, се наведува во ова соопштение.
„Најостро го осудуваме овој нечовечки напад на терористите на крволочната терористичка организација ЈПГ/ПКК која изврши бомбашки терористички напад врз цивилите во Тел Абјад кои успееја да се вратат во своите домови како резултат на операцијата „Извор на мирот“. Ги повикуваме сите земји да покажат став против оваа безмилосна терористичка организација. Од Бога посакуваме милост за нашите сириски браќа кои загинаа во нападот, а на повредените им посакуваме брзо заздравување“, се истакнува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција.