Ahmet Gençtürk
18 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
ТОРОНТО (АА) - Канадскиот град Торонто, во недела ги засили безбедносните мерки во џамиите и центрите на исламската заедница откако пет лица беа повредени во пукање во џамија претходниот ден, известува Агенција Анадолија (АА).
Нишан Дурајапа, началникот на полицијата на областа Пил, каде се случи инцидентот, на својот профил на социјалните мрежи објави дека го зголемиле безбедносниот протокол во џамиите и центрите на заедницата кои им припаѓаат на муслиманите во регионот.
Шефот на полицијата во Торонто, Џејмс Рамер соопшти дека продолжува потрагата по напаѓачите кои отвориле оган од возило врз пет луѓе кои заминувале од терави намаз, молитви кои се извршуваат по ноќниот намаз (молитва) за време на светиот месец Рамазан.
Рамер ги повика сите кои имаат информации за напаѓачите да ја контактираат полицијата.
Во меѓувреме, продолжува лекувањето на двајца од петте луѓе повредени во нападот кои беа пренесени во болница.