Michael Hernandez
16 Февруари 2019•Ажурирај: 17 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вчера прогласи национална вонредна ситуација во обид да го обиколи Конгресот, за да го изгради одамна ветениот граничен ѕид меѓу Соединетите Американски Држави и Мексико, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ќе се соочиме со криза на националната безбедност на нашата јужна граница, и ние ќе го направиме тоа, на овој или на оној начин“, изјави Трамп, додека се подготвуваше да го потпише Законот кој спречува уште едно парцијално блокирање на работата на власта, финансирајќи ја целата Влада до септември.
Нацртот на Законот предвивува 1,375 милијарда долари за 89 километри на новата гранична ограда во долината Рио Гранде во Јужен Тексас, што е далеку од 5,7 милијарди долари кои Трамп ги бараше за ѕидот.
Неговиот потег со сигурност ќе предизвика правни акции од страна на демократите и земјопоседниците, чиј имот ќе мора да го експроприра за да изгради граничен ѕид.
Во една од ретките заеднички изјави, демократите во Претставничкиот дом и Сенатот го нарекоа потегот на Трамп незаконски, тврдејќи дека е направен поради криза која не постои.