Burak Milli
19 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
AФРИН (АА) - Турската владина агенција за вонредни состојби (AFAD) обезбеди хуманитарна помош и подели топол оброк на цивилите во подрачјето на Aфрин, северозападна Сирија, кое турските сили и Слободната сириска војска во операцијата „Маслинова гранка“ го ослободија од терористите на ЈПГ/ПКК- ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Екипите на АФАД утринава топлите оброци и хуманитарната помош ја делеа на мештаните во селата Деир Балут, Махмудије и Хаџилар во околината на Џиндерес.

Регионалниот шеф на АФАД во турската погранична област Хатај, Омер Акбаш, за АА истакна дека агенцијата ги презела сите потребни мерки во рамките на операцијата „Маслинова гранка“.

Тој рече дека хуманитарната помош е подготвена и за цивилите кои се враќаат во вчера ослободениот центар на градот Африн.
Шемсе Салах за новинарот на АА изјави дека терористите на ЈПГ/ПКК за време на окупацијата го ограбиле целиот имот на нејзиното семејство и присилно ги однеле во војна.

„Сè што ми остана е оваа облека на мене, но ние сме среќни што турската војска дојде и го ослободи нашето место“, рече Салах.