Merve Aydoğan
20 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
МУНБИЧ (АА) - Турските вооружени сили денес започнаа втора рунда на патролирање во северниот сириски град Мунбич како дел од целта за ослободување на подрачјето од терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дописникот на АА, оклопните возила на Турската армија, навлегле во близина на реката Саџу, која го дели подрачјето на Џарабулус од Мунбич.
Американските сили на терен истовремено спроведуваат патроли низ северното подрачје на Мунбич, Дадат.
Првите патроли од страна на турските и американските трупи во регионот започнаа на 18 јуни.
Договорот за Мунбич, постигнат меѓу Турција и САД, се фокусира на повлекување на ЈПГ, огранокот на терористичката организација ПКК во северниот сириски град, со цел стабилизирање на регионот.
Договорот прво беше објавен по состанокот во Вашингтон, во почетокот на јуни, меѓу турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушолгу и американскиот државен секретар, Мајк Помпео.
Доколку моделот биде успешен, Турција ќе спроведе сличен аранжман во источна Сирија.
Терористичката организација ПКК, која против Турција спроведува терористичка кампања повеќе од 30 години, одзеде над 40.000 животи. ЈПГ е нејзиниот сириски огранок.
Турција соопшти дека присуството на терористите во близина на нејзината граница претставува закана, и започна со воени операции и други активности за отстранување на терористите од регионот.
Арапите сочинуваат повеќе од 90 отсто од локалното население во Мунбич.