Halit Süleyman
30 Септември 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
АЗЕЗ (АА) - Турските графички уметници испишаа анти-воени пораки на ѕидовите на зградите во сирискиот град, Азез, коишто се уништени во војната во оваа земја, сакајќи да укажат на ужасната војна што ја преживува сирискиот народ, особено децата.
Една група графички уметници од Турција направија цртежи на ѕидовите на оштетените згради во населбата Брагити во Азаз, која што е ослободена за време на операцијата „Штитот на Еуфрат".
Уметникот Мехмет Емин Туркмен, во изјава за Аnadolu Аgency (AA) истакна дека веќе 18-19 години се занимава со графити.
„На 13 годишна возраст почнав со ова работа. Причината зошто дојдов во Сирија е на светот да му покажам што се случува тука. Ние не можевме да претпоставиме колку е уништено ова место“, вели Туркмен.
- „Вие ги искинавте цвеќињата тука“ -
„Тука во секој квадретен метар е доживеана болка. Масакрот врз децата е она што најмногу ме погодува овде“ нагласи Туркмен, истакнувајќи дека во неговите уметнички дела цвеќињата ги симболизираат масакрираните деца, а под неговите цртежи пишува: „Вие го откинавте цвеќето“.
„Во ова дело што го направив во Сирија, ги цртав маслиновата гранка и светот. Пораката што сакав да ја испратам е тоа што тие кои велат дека носат мир во светот, тие всушност, на светот му нанесуваат повеќе болка. Тука има многу поразличен свет“, рече „Mr. Hure“ уметникот кој ги црта графиците.

- „Цртежот со мапата на светот, и крвавата маслинова гранка, е најубавиот цртеж што ја објаснува драмата во регионот“
Јашар Ебу Мухаммед, жител на Брагити, истакна дека на идните генерации треба да им биде пренесено она што се случува во регионот.
„Тука се дожвуваше теророт на ДЕАШ, теророт на режимот. Покрај сите негативности, народот не го напушти регионот“, рече тој.
Мухаммед се осврна на она што режимот и ДЕАШ ги уништиле сите уметнички дела. „Цртежот со мапата на светот, и крвавата маслинова гранка, е најубавиот цртеж што ја објаснува драмата во регионот. Во овој цртеж има пораки“, рече Мухаммед.
Уметниците цртаа цртежи и на ѕидовите во центарот на градот, на кои напишаа „fake world“ и „ИХХ“.