свет

Турскиот и узбекистанскиот претседател разговараа за билатералните односи и глобалните прашања

- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот узбекистански колега Шевкет Мирзијоев денес телефонски разговараа за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања

Serdar Dincel  | 24.07.2024 - Обновена : 25.07.2024
Турскиот и узбекистанскиот претседател разговараа за билатералните односи и глобалните прашања

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот узбекистански колега Шевкет Мирзијоев денес телефонски разговараа за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, соопшти Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство, јавува Анадолу.

Ердоган изрази уверување дека односите меѓу Туркије и Узбекистан „ќе бидат издигнати на повисоко ниво и билатерално и на мултилатерални платформи, особено во Организацијата на туркиски држави“, соопшти Дирекцијата на платформата X.

Турскиот претседател, исто така, му го честита роденденот на Мирзијоев.

Мирзијоев престојуваше во посета на Туркије во јуни и беше примен од Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.